Живот
27. February 2017 - 11:40

СЕ МОЖЕ АМА ОВА НИКАКО: Со закон сака да ја забрани оваа состојка во пиците

Гудни Јохансон претседателот на Исланд влезе во расправа околу ананасот кој служи како додаток во пиците.

-Кога би имал сила да го забранам ананасот во пиците, веднаш би го направил тоа!, изјавил Гудни.

До „расправата за ананасот“ дошло по гостувањето на претседателот во едно школо во Акуреви откако учениците му поставувале прашања. Едно дете го замолило да го изнесе својот став за контроверзната пракса на користење ананас како додаток во пиците.

-Фундаметално се противам на таквата комбинација. Би можел законски да ја забранам, одговорил тој.

Многу помислиле дека се шегува, но сите ги разубедил откако објавил статус за ананасот на својот Фејсбук статусот.

- Сакам ананас, но не во пица. И немам власт да прогласам закон со кој на луѓето тоа би им го забранил, напишал и додал - И подобро да е така. Претседателите не смеат да имаат неограничена власт.

Исто така ја открил и својата препорака за пица.

- За пица сепрак препорачувам морски плодови.