Џет-Сет
27. December 2017 - 14:02

Се лекувал од дрога и ја тепал: Српската пејачка призна низ што поминала со поранешниот сопруг

Двајцата се запознале во школата за танц на Гаги, се венчале во 1996 година, по што ја добија ќерката Луна која сега е среде скандал откако почна врска со оженет пејач.

Семејството никогаш не криеше дека Гаги се лекувал од дрога, а Анабела призна и дека била тепана.

Анабела по многу години проговори и кажа дека биле како секој пар кој се разделува, со многу неизговорени зборови.

Вели доколку зборувале немало да има проблеми и несогласувања.

Анабела е сега во среќен брак и има уште едно дете.