Македонија
23. May 2018 - 11:20

Се качила во автобус, возачот тргнал и се повредила - скопјанка заврши во болница

Вчера утрото во 10:15 часот на автобуска станица на улица „Ѓорче Петров“, при качување во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој тргнувал, со повреди се здобила патничката Р.Т.(63) од Скопје.

Таа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.