„Младите за мене се единствена надеж и спас за оваа држава. Никој од претседателските кандидати не ги истакнува како примарна целна група па поради тоа одлучив да излезам во јавност и да им испратам порака. Иако овластувањата на претседателот се ограничени, сметам дека со денешните канали на комуникација претседателот може и мора да врши притисок врз Владата и Саборот за да се спроведуваат мерки на кои им е целта, меѓудругото и спречување на демографската катаклизма“, изјави „Господин Никој“.
„Веќе со месеци господин Никој е еден од најпозитивните политичари во Хрватска и во самиот врв на политиката според симпатиите на граѓаните. Поттикнат од својата популарност господин Никој смета дека негова должност и одговорност е да се кандидира за претседател на Република Хрватска, поради поддршката што му ја дадоа граѓаните во изминатите месеци“, наведува тој.
„Господин Никој“ вели дека е гејмер, вљубеник во алпинизам и качување, а се залага и ја промовирана културата на паметни градови. Родум е од Нин, има жена и син.