Се извлекуваат повредени од сообраќајка кај Сити Мол - денеска симулација на несреќа
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер.
На местото на настанот ќе биде поставено возило од кое ќе се извлекуваат повредени лица и во тој период во една сообраќајна лента нема да има сообраќајно движење.
Симулацијата, како што соопштуваат од Црвениот крст на Град Скопје, има за цел да ја подигне свеста на младите за совесно и одговорно однесување, неконзумирање алкохол и слични опојни средства, како и пренесување на пораката за грижа за сопственото здравје и живот.
Вежбата ќе биде реализирана од страна на Црвен крст на град Скопје-Тим за одговор при катастрофи и СВР Скопје-одел превенција и во неа ќе учествуваат 15 волонтери заедно со манекените.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024