Македонија
22. March 2017 - 14:05

Се избира нов главен извршен директор на Македонски Телеком, Маирехофер заминува за Полска

Во Македонски Телеком е во тек постапка за избор и назначување нов главен извршен директор. Андреас Маиерхофер, кој е на таа функција од 2014 година, заминува од компанијата, и е назначен за главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април  годинава.

Од Македонски Телеком денеска соопштија дека Маиерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај годинава, кога треба да се избере негов заменик. Тој ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.

- Под водство на Маирехофер Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и „смарт“ решенија и услуги, се вели во соопштението од Македонски телеком.