Македонија
21. October 2019 - 15:38

Се истепаа фудбалери на теренот кај Цементара, тројца гостински играчи завршија во болница

Вчера во 15.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.К., делегат на фудбалскиот натпревар на игралиштето кај „Цементара“ помеѓу екипите на ФК Кул Здравје од Скопје и ФК Илинден од Скопје, пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат.

На играчите од гостинската екипа Н.Ѓ.(23) од населба Бутел, Ј.Ц.(24) од населба Илинден и А.М.(34) од населба Илинден им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.