Македонија
26. March 2019 - 13:41

Се интензивираат работите за уредување на индустриската зона кај Јасифово

Привршуваат градежните работи од првата фаза за уредување на индустриската зона во Јосифово со која беше предвидено инсталирање на фекална и атмосферска канализациска мрежа како и тампонирање на индустриските улици, соопштија денеска од општина Валандово.

Инсталирањето на фекалните и атмосферските канализациски линии целосно е завршено,а моментно се работи на тампонирање на улиците по кое деновиве ќе заврши првата фаза.

Од општината посочија дека по ова ќе почнат подготовките за втората фаза од уредувањето на индустриската зона која опфаќа изградба на водоводна мрежа,поставување на улично осветлување и асфалтирање на сите улици со што целосно ќе заврши урбанистичкото уредување на индустриската зона во Јосифово чие што ставање во функција ќе биде од круцијално значење за општина Валандово.

Комплетното уредување на индустриската зона во Јосифово ќе чини 5,5 милиони денари кои општина Валандово ќе ги обезбеди од сопствениот буџет.