Свет
6. August 2022 - 16:33

Се интензивираат нападите во Појасот Газа, кинеските борбени авиони го поминаа воздушниот простор на Тајван

Се интензивираат борбите во Газа, рекетните и воздушните напади продолжуваат и денеска, откако израелските сили во петокот ја започнаа операцијата Зора и нападнаа цели на движењето Исламски Џихад.

Од Газа пак кон Израел досега се лансирани 160 ракети- 30 од нив паднаа во појасот, 130 ја поминаа границата, но некои завршија во морето, некои на отворени површини додека 60 ракети беа спречени да експлодираат од израелскиот одбранбен систем „Железна Купола.”

Израел пак според тамошните медиуми досега изврши 30 напади врз Газа, а во овие напади според последните информации на палестинското министерство за здравство загинаа 12 палестинци, а 84 се повредени.

Меѓу загинатите има и пет годишно девојче.

Израелскиот премиер не прецизира до кога ќе трае операцијата врз палестинското движење Исламски џихад. Израел нема да седи со скрстени раце кога има такви кои се обидуваат да им наштетат на неговите цели, соопшти премиерот Лапид.

Израелското министерството за одбрана пак даде инструкции за продолжување на офанзивните напори против палестинското движење, со акцент на спротивставување на ракетниот оган врз Израел.

Израелските воени сили соопшија дека нема да дозволат да им се наштети на нивните жители.

Лидерот на Исламскиот џихад пак во соопштение за либански медиум, вети одмазда за нападите врз Газа во кој беше убиен и висок командант на движењето.

Тензиите помеѓу двете земји екслираа неделава откако израелските сили уапсија еден од лидерите на Исламскиот џихад, по што движењето се закани со одмазда. Израелскиот премиер кажа дека израелските нападите во петокот врз Газа имаат цел да спречат конкретен напад од џихадистичката групација.

Тензична е и ситуацијата помеѓу Кина и Тајван. Утринава повторно кинески авиони и бродови спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското министерство за одбрана. Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување на авионите, бродовите и рекетните системи за да се справи со ситуацијата.