Бизнис
5. September 2019 - 16:46

Се интензивираат градежните работи од втората фаза на експресниот пат Штип – Кочани

Продолжува изградбата на експресниот пат Штип – Кочани. Веќе два месеци интензивно се работи на делницата од с. Крупиште до Кочани, во должина од скоро 14 км.

-Се работи за едно комплетно бај пас решение, од Три Чешми – Крупиште, Крупиште – Кочани, кое бајпасира еден пат кој досега е познат и по многу човечки жртви. Тој пат останува магистрален, а овој е целосно експресен пат- изјави Зоран Заев, премиер на Влада.

Првата делница е изградена 80 %, што значи дека најдоцна до пролет ќе биде целосно завршена. Втората делница има рок за изградба од 2 години.

-Ќе биде со висок квалитет, со ширина од 11,5 метри, 2 ленти по 3,5 метри и две ленти од по 2,2 метри- изјави Зоран Китанов, директор ја ЈП „Државни патишта“.

Минисистерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски нагласи дека само во источниот регион, Владата издвоила 330 милиони евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура.

-Само во овој регион, се работи на реконструкции на повеќе од 20 регионални патишта, од кои најголем дел се завршени, а останатите ќе бидат готови до Нова Година- изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

Од почетокот на идната година премиерот најави градежна офанзива во изградба на локални патишта преку проект поддржан од Светска банка со 70 милиони евра.