Бизнис
29. July 2017 - 17:55

Се интензивира втората фаза од изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад

Околу 60 милиони денари ќе бидат инвестирани во втората фаза од изградбата на Фабриката за секундарна селекција на отпадот, која интензивно се гради кај прилепската депонија Алинци. Ова е прва Фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија и таа треба да прерасне во еден модерен комплекс кој ќе биде поврзан со заштитата на животната средина, како и со подобрувањето на еколошките аспекти на целиот регион. Истата треба да обезбеди и 200 нови вработувања. 
 
Благодарерние на искористеноста на  средствата  од ЕУ – фондовите, според што Прилеп ја држи лидерската позиција во земјава, Прилеп е една од еколошки најчистите општини во земјава.
 
Инаку, освен оваа Фабрика, прилепски “Комуналец”, на истата локација ќе гради и “Компостара” за што, преку ИПА – програмата од третата компонента за прекугранична соработка, обезбеден е грант во висина од 10.675.000 денари кои ќе бидат употребени за: чистење, тампонирање и набивање на платото, како  и за набавка на специјалните машини.