Се гради уништениот мост од поплавите на река Брегалница кај Зрновци
Работници и механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ од Скопје работат на изградбата на мостот на река Брегалница кај село Зрновци, уништен во поплавите во февруари 2015 година.
- По изградба на главните чипови за поставување на столбовите, кои ќе бидат носители на конструкцијата на мостот, градежна механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ ги постави основите за столбовите на мостот и започна со поставување на конструкцијата на мостот. Реката Брегалница е пренасочена во делот каде што моментно не се работи, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.
Мостот е со должина од 96,5 метри и е широк седум метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.
Носители на активностите за изградбата на мостот кој ке ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски,Министерството за земјоделие и општина Зрновци.
Сообраќајот помеѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решение на неколку метри под мостот. Целосната изградба на мостот се очекува да заврши до крајот на јули.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата