Македонија
6. April 2016 - 11:01

Се гради улицата „Новопроектирана улица 4“ во општина Аеродром

Во општина Аеродром се гради улицата „Новопроектирана улица 4“, меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона.

- Проектот опфаќа изградба на собирна „Новопроектирана улица 4“ во должина од околу 500 метри и широчина од 16 метри. На оваа локација е предвидена изградба на две сообраќајни ленти од по 6 метри, како и тротоари од двете страни на улицата од по два метри, информира општина Аеродром. 

Претходно е изведена целосно нова фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, а предвидени се и нови линии за јавно осветлување.