Се гради мост во светиниколската населба „Долни Ливади“
Во населбата „Долни Ливади“ во Свети Николе денеска почна изградбата на нов мост на река „Мавровица“ на местото на урнатиот мост од високиот водостој на реката во февруари минатата година.
Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев, вели дека по уривањето на мостот, општината веднаш презеде активности за барање на извори за финансирање, со што се обезбедија парични средства од мисијата на Европската Унија, а целокупната процедура ја води мисијата на УНДП. Покрај изградба на новиот мост е предвидена и изградба на ново речно корито пред и после мостот во должина од 170 метри.
- При обилните дождови минатата година беше зголемен водостојот на реката од 45 метри кубни во секунда што предизвика поткопување на темелите и уривање на мостната конструкција која остана да стои во речното корито. Тоа претставуваше сериозна опасност за излевање на водата од коритото и поплавување на објектите и околното земјиште. Изразувам голема благодарност на мисиите на ЕУ и УНДП за поддршката и дадените средства за реализацијата на проектот, истакна градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.рече Тасев.
Мостот на реката Мавровица во населбата Долни Ливади се очекува да биде изграден до март 2017 година. Изведувач на работите е градежната компанија „ Промонтинг“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер