Македонија
12. September 2018 - 15:18

Се градат улици во штипската населба Блок 2000

Во штипската населба Блок 2000 стартуваа градежните работи, со кои се пробиваат три нови улици, а за кои сопствениците на индивидуланите куќи што ги градат ги имаат платено претходно комуналиите. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше на терен. Изведбата на овие улици чини околу 3.000.000 денари, а станува збор за нова улична површина од 1300 квадратни метри и должина од 200 метри.

- Многу важно е што овде се развиваат нови објекти, за коишто, патем, морам да ги информирам граѓаните дека се наплатени комуналии од овие плацеви и парите се потрошени од страна на претходната локална власт без да бидат направени улиците. Денес, оваа локална власт најде средства и си ги извршува обврсктие кон овие сопственици кои во минатото уредно си платиле комуналии и градат, а сега треба да им се донесе инфраструктура којашто треба да им се изгради до нивните домови, вели Бочварски.

Во моментов овде се изведуваат земјени работи, а наскоро ќе започне и асфалтирањето на улиците. Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“, „Крушевска Република“, „Ѓорги Петров“ и „Петта Партиска“, а беа бетонирани и краци од улиците „Радански Пат“ и „Кирил Пејчиновиќ“.