Бизнис
3. August 2016 - 16:13

Се градат 123 станови за социјално ранливите категории

Државата обезбедува  дом за најсиромашните. Во моментов се градат 123 стана за социјално ранливи категории во Гостивар, Македонски Брод и Кочани.

Завчера во Гостивар лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски,  изврши увид во изгрдбата на една од овие згради со вкупно 75 стана, вредна 213 милиони денари. Директорот на станбеното претпријатие го информираше и за изгрдбата на останатите две згради во Кочани и Македонски брод.

Во претходнито период беше завршена изгрдбата на 119 социјални стана во Прилеп, Ресен и Демир Хисар, таму во тек е процесот на предавање на становите на корисиниците. А  во наредната една година ќе почне изгрдбата на уште 377 стана.  Тие ќе се градат во општините Бутел, Свети Николе, Пробиштип, Виница а се планира и зграда во Струмица.

Преку овој владин прокет досега 678 семесјвта добија сопствен дом, а во програмата е предвидено изградба на вкупно 1741 стан во 26 општини.