Живот
6. May 2019 - 21:11

Се фрлил во оганот за да ја отвори вратата од авинот - херојството на ова момче спаси над 35 лица во авионската несреќа

Членот на екипажот во рускиот авион, Максим Моисеев, загинал во несреќата спасувајќи ги патниците.
 
Авионот на компанијата „Aeroflot“ пред да се запали два пати се одбил од пистата обидувајќи се да слета.
 
Авионот со 78 патници на летот SU1492 за Мураманск најпрво се кренал по двата силни удари во пистата, лебдел неколку метри над тлото, а потоа уште еднаш силно удрил со носот, а потоа и со опашката.
 
Потоа за само секунда се запалиле моторите и задниот дел од авионот што предизвика голема трагедија.
 
Пилотот на авионот преживеал, додека загинал еден од стјуардите.
 
Загинатиот член на екипажот, Моисеев, ги спасувал патниците во евакуацијата која траела 55 секунди. Загинал обидувајќи се да ја отвори вратата на опашката од авионот, која била зафатена од оган.
 
-Патниците се евакуирани со помош на излезот за итни случаи. Членот на екипажот Максим Моисеев седел со патниците кај опашката на авионот. Се обидувал да ја отвори најблиската врата и да ги спаси патниците од огнот кој се приближувал. Не успеал да им помогне на патниците да го напуштат авионот, пренесуваат руските медиуми.