Македонија
10. April 2016 - 12:13

Се фрлил од зграда - маж итно пренесен на скопските клиники

Обид за самоубиство во Велес.Вчера година околу 10,20 часот во Велес на ул.„Благој Ѓорев“ Б.К.(32) скокнал од трети спрат од станот во кој живеел и се здобил со повреди. Истиот е пренесен во болницата во Велес, а поради карактерот на повредите препратен е во Ургентниот центар во Скопје. Увид е извршен од страна на велешката полиција.