-->
-->
Се фрлил од 15 метарски мост - 23- годишно момче си го одзеде животот поради невозвратена љубов
-->
Невозвратена љубов најверојатно била причината за 23-годишниот Филип Џ. да се фрли од 15 метарски Бранков мост во Белград два часа по полноќ.
Неговото тело го пронашла полицијата. Момчето давало знаци на живот, сепак реанимацијата која му била пружена не дала никакви резултати.
Телото било пратено на обдукција и се чека потврда за неговото самоубиство или пак се работи за нешто друго.
Најголемиот сомнеж е дека Филип извршил самоубиство поради невозвратена љубов. Тешко го поднел раскинувањето со неговата девојка и од тогаш бил во лоша емотивна состојба.
Неговите другари и семејството, на секој можен начин се обиделе да му помогнат и да му ги оттргнат мислите од таа девојка. Кога мислеле дека успеале во тоа, се случи трагедијата.
Пред да се фрли од мостот, Филип бил излезен со пријателите. Не покажал никакви знаци дека му е тешко. Како што велат другарите, си поминале супер.
Откако се качил на мостот, тој се фрлил врз големо црвено срце нацртано на плочникот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров