Тенис
10. January 2019 - 16:53

Се е' наместено! Шпанската полиција уапси 28 тенисери

 
 
Шпанската полиција соопшти дека уапсила 83 лица, од кои 28 се професионални тенисери, поради местење  натпревари на неколку различни турнири, соопшти Европол.
 
Во соопштението се вели дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен,и дека постои сомнеж за наместени 97 натпревари.
 
Сè било организирано од страна на криминална банда од Ерменија, којашто ги подмитувала тенисерите за да влијаат на резултатите и притоа добивале парична награда, се вели во соопштението и се додава дека за да ја осигураат работата тие дури присуствувале на сите турнири.
 
За време на полициската акција во Шпанија биле запленети 167 000 евра, една пушка, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, а притоа блокирани се и околу 40 банкарски сметки.