Македонија
30. May 2017 - 15:31

Се доуредува „Пазарската патека“ во Крива Паланка

Продолжува уредувањето на „Пазарската патека“ во кејот на Крива Река. Од локалната самоуправа на општината информираат дека во тек е поставување на урбана опрема на утврдените локации.

- Ја завршивме патеката која се протега од Виолетов мост до зелениoт пазар, а покрај хортикултурно уредување на целото окружување, за што е задолжено Јавнот претпријатие „Комуналец“, поставени се и клупи за одмор и рекреација на површините каде ќе биде поставена и дополнителан урбана опрема со цел комплетно уредување на неколку катчиња каде граѓаниете ќе може да уживаат во претстојнито летен период, информира гардоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Претходно, при уредување на мајор-коритото на Крива Река беа поставени канделабри во кејот, а изграден е и мост во вид на свод на вливот на Дурачка во Крива Река.

- Останува да биде поставен и еден сквер кој по пат на јавно наддавање ќе бида даден под концесија на заинтересираните угостители или останати субјекти, со што ќе бидат надополнети и збогатени содржините на градскиот кеј, додаде Алексовски.

Со ова, нагласи, ќе се постигне ефект на оформување своевиден парк во централнито дел на самото речно корито кој се наоѓа покрај градскито парк и центарот на гардот.

ЈП „Комуналец“ работи и на изградба на декоративен водопад кој истекува од градската фонтана во кејот каде е оформено мини-езерце.