Живот
27. April 2017 - 14:23

Се допишувала со момче кое лажно се преставило, па решила да му се освети: Тогаш започнало лудилото

Ема Перијер (35) поминала многу време на работа и често не излегувала па немала каде да запознае луѓе. На крајот од 2015 година се придружила на страната „Зооск“. набрзо откако го отворила налогот пронашла интересен маж кој покрај тоа и бил многу згоден. Висок, црн и убав, по име Роналдо, набрзо тој и се јавил и станал нејзина главна преокупација. 

На почетокот не пронашле заеднички јазик, но подоцна се зближиле. На Роналдо му се допаѓала Еми, повремено и праќал фотографии и така го одржувале односот., Но по година дена допишување, жената која работи во ресторанот во Лондон, станала сомнителна. 

Се обидувала да договори состанок и да го запознае својот „Ромео“, но тој секоја средба вешто ја одбегнувал. Како што тоа се случувало повеќе пати, со помош на приватен детектив  одлучила да го истражи своето „ момче“. Се воспоставило дека Роналдо е Ален Стенели - 55-годишен работник.

Ема била бесна бидејќи толку време ја лажел, а кога го прашала зошто тоа го направил, одговорил дека му било „досадно и дека е осамен“. 

- Беше морничаво. Одеднаш тоа повеќе не беше симпатичното момче од сликите, туку некој потполно друг тип кој ми откри мрачна тајна, рекла Ема

Меѓутоа, таа не сакала да се откаже, одлучила да го пронајде момчето од фотографиите кој Ален и ги праќал и не ни насетувала дека ќе успее во тоа. 

Беше тоа лице на 35-годишнен модел од Турција Адам Гузел и тоа до некаде и ја олеснала потрагата. Во септември Ема му испратила проака во која напишала што и се случило и како стариот маж ги користил неговите фотографии. 

- Се тресев додека му ја пишував пораката. Не можев да бидам сигурна  дали е тој човекот од фотографиите, ниту бев сигурна дека тоа е добра идеја да му се јавам и да го известам за кражбата на идентитетот, раскажала девојката. 

Нивната комуникација не престанала, Адам и пишувал за своите деловни планови, и Ема проверувала дали се работи за реалниот човек. 

Кога нивниот однос станал се посериозен, сепак во тоа морала да се увери. По три месеци допшување преминале на видеоповици, а неодамна Адам се преселил во Лондон па ја посетил Ема. Сепак на Ема и било страв кога тој доаѓал во Лондон и како нивната средба би изгледала. 

- Кога слета, јас го чекав на аеродромот. Тој веднаш се насмеа, а јас му скокнав во прегратка и заплакав, додала Ема.

Таа се надева дека нејзиниот пример ќе послужи на останатите да бидат внимателни при запознавањето на Интернет, иако нејзиниот случај не бил бајка, но за сега има среќен крај. Парот живее во преградието на Лондон, Адам работи како модел, а Ема и понатаму во ресторанот.