Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
Од ДИК велат дека вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3 600 000 гласачки ливчиња и оти досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал
Дистрибуцијата на гласачките ливчиња за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај почна денеска.
Како што информираат од Државната изборна комисија (ДИК) дистибуцијата е почната од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, во присуство на полицијата и се очекува да заврши до крајот на денот.
Од ДИК велат дека вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3 600 000 гласачки ливчиња и оти досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал.
За испечатените гласачки ливчиња биле потрошени 40 тони на хартија, а самото ливче има 20 заштитни знаци и истите се испечатени на високо софисцитирани машини. Печатењето на изборниот материјал се одвивало 15 дена и се одвивало во присуство на стручни лица од ДИК и ОБСЕ .
„Сега многу поефикасно од вообичаено го дистрибуиравме и доверливиот изборен материјал со кој мора да се внимава како се дистрибуира. За дистрибуцијата се формирани 20 тима што значи дека побрзо ќе се одвива работата, навреме ќе биде дистрибуиран и ќе има време да се направат сите проверки за на денот на гласање да немаме проблеми“, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски кој додаде дека се успешно е завршено.
Даштевски, пред два дена најави дека за овие избори, дистрибуцијата на избирачкиот материјал е порано заради празникот Велигден, а општинските изборни комисии се должни на избирачките одбори да го предадат во вторник, еден ден пред гласањето.
На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1 814 317 избирачи, а на парламентарните избори 1 815 350 избирачи.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем