Македонија
3. July 2019 - 11:16

Се дигитализира македонскиот систем за справување со кризи

Во Македонија во тек е обуката за дигитализација на системот за менаџирање со кризи, преку кој сите институции задолжени за справување со природни непогоди ќе бидат дигитално обединети, за полесно меѓусебно координирање при евентуална природна криза.
 
Проектот е целосно финансиран од НАТО и ќе почена да се спроведува од декември наредната година.
 
Од Центарот за управување со кризи велат дека не се задоволни со ресурсите со кои располагаат, но посочуваат дека ваков проект во голем дел ќе помогне во справувањето со природните непогоди.
 
 
Горан Симоновски