Македонија
4. October 2016 - 16:12

Се чисти сливот на реката Струмица како превенција од поплави

Десетина дена се чисти сливот на реката Струмица, дел од проектот на УНДО и ЕУ преку програмата за санација на штети од поплави во висина од седум милиони евра. Во моментот освен на реката Струмица каде е опфатен потек од 24 километри, се работи и на чистење на каналите и во Пелагонија.

Во правата фаза ќе се чисти реката Струмица од вегетација, а втората фаза ќе биде чистење од наноси.

- Чистењето е приотритена мерка за да се врати проектираната пропусливост на каналите со цел да се прифатат помалите и почести води кои за жал во минатите години прават често поплави. Со самото чистење на вегетацијата и правење насипи и отстранување на наносиот од некои критични делници ќе може да спречиме штети од околу милион и 200 илјади евра. Само со оваа мерка, вели Димитрија Сековски- раководител на програмата на ЕУ за санација на штети од поплавите.

Од УНДП, најавуваат дека во наредните години ќе бидат вклучени и други мерки како што е режимот на управување на акумулациите, системот на прогностика и систем на модели на управување на ризикот од поплави. На овој начин, смета Сековски, операторите ќе може да ги предвидат поплавите, управителите на акумулациите да испуштат дел од водата за да моќе да го апросвбираат бранот кој доаѓа, што би резултирало со оптимална заштита од поплави во регионот која во иднина треба да се одржува за придовбивки на животната средина.

Од АД „Водостопанство на Македонија“ велат дека имаат распишано оглас за набавка на механизација за тековно одржување на реките.

- Ние како акционерско друштво имаме распишано оглас за набавка на механизација во висина од 3,5 милиони евра. Изготвивме и доставивме извештај до министерството за животна средина и заедно со нив ќе пристапиме кон стратешко чистење на реките и нивна регулација за да се спречат поплави што е наша долгорочна стратегија, појасни директорот на АД „Водостопанство на РМ“, Ромео Тренов.

Со проектот на ЕУ за чистење на сливот на реката Струмица досега санирани се критичните точки кај мостот во Просениково, Зубовски мост и на потегот од Зубово кон Моноспитовско блато.