Македонија
26. March 2019 - 14:04

Се чистат дивите депонии во Делчево

Согласно со програмата за чистење на дивите депонии, општина Делчево заедно со Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“, пристапија кон пролетно чистење на дивите депонии.

Како што информира директорот на претпријатието Стојче Стојковски, денеска се работи на расчистување на дивата депонија кај Попов Мост, а согласно со планот, ќе се чистат и останатите критични локации во Општината, детектирани од општинскиот инспекторат.