Се честеле пијачки со фалсификат илјадарки
Полицијата од Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.С.(20) и А.Ј. (20), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Пријавените на 16.овој месец во домот на првопријавениот изработиле 10 (десет) лажни банкноти во апоени од по 1000 денари и 58 лажни банкноти во апоени од по 500 денари.
стиот ден околу 23.00 часот во кафе бар во Македонски Брод при плаќање на сметка употребиле една лажна банкнота во апоени од 1000 денари.
Еден час подоцна, околу 24.00 часот, во ресторан, повторно порачаниот пијалок го платиле со лажна банкнота од 1000 ден.
Наредниот ден, на 17.февруари, сопствениците на угостителските објекти, при внесување на промет во банка во Македонски Брод, забележале дека банкнотите се лажни, по што двата настани се пријавени во ПС ОН-Македонски Брод. На 18.02.2016 година пријавените се приведени и задржани во ПС-ОН-Македонски Брод каде што го признаваат делото.
По наредба од ОЈО-Гостивар за претрес, извршени се претреси во домовите на осомничените. При претресот пронајдени се лажно изработени банкноти во апоени од 500 денари, како и опремата со која се печателе банкнотите.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата