Македонија
5. August 2021 - 10:45

Се чека да се олади местото за да се утврди дали исчезнатата жена од Куманово изгорела или се спасила

Полицијата се уште трага по жена која се води за исчезната откако вчера попладне куќата во Куманово во која живеела беше зафатена од пожар. Мажот со кој живеела во вонбрачна заедница, вчера во изјава за медиумите изрази сомнеж дека таа најверојатно се вратила во куќата кога го видела големиот пожар и можно е да била внатре кога пламените јазици ја зафатиле и куќата. Но, за сега ова се непотврдени информации. Екипи на МВР заедно со обвинител од вчера се на местото.

Тие се на лице место, но не се влезени во куќата бидејќи е опасно, а и се чека местото да се олади за да може да работат. По увидот, односно откако ќе се влезе во просториите на куќата која вчера изгоре, ќе се знае дали жената настрадала во пожарот или, пак можеби успеала да побегне и да се спаси.

Од МВР официјални информации за овој настан најавија по завршување на увидот.