Се бришат Македонците со бугарски пасоши од избирачките списоци во Бугарија
Oпштината Благоевград започна процедура за бришење на 3.526 избирачи од селото Рилци. Како што пренесува Факти.бг станува збор за бугарски државјани од Македонија.
Бришењето започна година ипол по добиените сигнали од жителите на селото дека тие се регистрирани во избирачкиот список, а никој не ги има видено.
Тие побарале нивно бришење од избирачкиот список уште пред локалните избори во 2019 година.
Но, според кметот на Рилци, Крум Крумов, наспроти постапката за бришење, тие ќе имаат право на глас на парламентарните избори.
Лицата се водат на непостоечки адреси на неизградени или новоизградени објекти, а државјани на Бугарија станале во последните 15 години.
Рилци не е единственото село со илјадници фиктивни жители. Во блиското Бело Поле на адреса на трафостаница се регистрирани 600 лица од Македонија. Според податоците на општината, во Благоевградско има близу 25.000 Македонци со бугарско државјанство.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка