Се бараат две лица за патување од 6 месеци! Џепарлак: 60.000 евра!
White Claw Hard Seltzer, американска компанија која се занимава со прозводство на пијалоци сака да испрати двајца авантуристи на животно патување.
Среќниците ќе имаат можност да патуваат низ Соединетите Американски Држави цели шест месеци, а за тоа време ќе посетат голем број на дестинации притоа живеејќи го најубавиот живот во светот – бидејќи нема да мора да работат ништо.
Компанијата бара една жена и еден маж и на секој од нив ќе им додели џепарлак од 60 илјади долари.
За време на патувањето не мора да правите ништо посебно, туку само да го документирате целото патување и најубавите моменти од истото да ги споделите со другите покажувајќи им дека вие го живеете најубавиот живот на светот. Услов за пријавување е да имате наполнето 25 години.
За жал, работите не се баш идеални како што на прв поглед изгледаат бидејќи на крајот од конкурсот се наоѓа услов според кој на огласот може да аплицираат само американски државјани.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата