Фудбал
24. November 2016 - 1:18

Се бара затворска казна за Нејмар

Шпанското обинителство од Националниот суд во Мадрид побарало двегодишна затворска казна за напаѓачот на Барселона, Нејмар. Обвинителството го сомничи Нејмар, неговиот татко и поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел за корупција и нерегуларности во трансферот од Сантос во Барселона.
 
Обвинителството покрена постапка против овие тројца по жалбата на инвестицискиот фонд ДИС кој тврдеше дека е оштетен, односно дека не добил пари од трансферот на Нејмар.
 
Обвинителството побара две години казна затвор за Нејмар и неговиот татко, а пет години за екс претседателот на Барселона, Росел. Покрај ова обвинителството побара од овие тројца да платат 10,4 милиони евра.
 
Проблемите за Нејмар настанаа кога беше откриено дека неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година изнесувал околу 80 милиони евра, а не 57 милиони евра колку што прикажа Барселона.