Бизнис
13. November 2017 - 16:54

Се бара место плус во Берово, Охрид и Скопје, домашните хотели пополнети за новогодишните празници

Домашните сместувачки капацитети се веќе пополнети за новогодишните празници. Од туристичките агенции информираат дека се бара место плус во Берово, Охрид и Скопје, поради што во иднина треба да се размислува за изградба на нови хотели.

Веќе се најавени  чартер летови од Турција и други држави, поготово за Нова година.. Голем е и интересот на домашните гости за прослава во земјава.

-Има потреба од повеќе капацитети не само во квантитет туку и во квалитет.  Од подалечните дестинации Македонците букираат за Мадрид, Куба. Дубаи е најхит дестинација, има доста групи за таа дестинација, изјави Ветон Груби.

И статистика бележи пораст на бројот на туристи за скоро 24 % во септември, споредено со истиот месец лани. Бројот на странски гости се зголемил за скоро 30 отсто споредено со септември лани, а кај домашните туристи има пораст за 10 %. Од агенциите велат дека ова се должи на подобрената целокупна атмосфера во државата.

До септември годинава земјава ја посетиле близу 510 000 странски туристи.