Се асфалтираат улици во Пробиштип
Во Пробиштип интензивно се асфалтираат улици во должина од 1.700 метри. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски кој изврши увид на градежните работи рече дека се поставува завршниот слој на асфалт на помалите улички, а во Барбаревско маало поради непристапниот терен се поставуваат бехатон плочки.
- Вредноста на овој проект заедно со поплочувањето на неколку улици со бехатон во Бабревско маало ќе чини околу шест милиони денари. Потоа градежните активности ќе продолжат и на асфалтирање на улиците во населбата Калниште во Пробиштип, како и на сите оние улички кои се отпочнати со земјени работи во Злетово, вели Тоневски.
Во текот на градежната сеозна во Пробиштип ќе се реконструира и улицата „Славко Баев“, каде што е завршена канализационата мрежа, а ќе се почне и со градежните активности на улицата „Гоце Делчев“. Тоневски вели дека со овие градежни работи ќе се раелизира и проектот во Пробиштип и приградските населби сите улици да бидат асфалтирани.
Ново на Сител
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет