Македонија
25. April 2016 - 16:38

Се асфалтира улицата „Бапчор“ во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Бапчор“ во населбата Автокоманда.

Трајковски рече дека со оваа активност ќе се подобри сообраќајот во населбата, но и апелираше низ оваа улица да не сообраќаат тешките товарни возила и да се почитува сообраќајниот знак којшто е поставен за нив.

Улицата, која е многу фреквентна, се реконструира во вкупна должина од околу 110 метри. Вкупната инвестиција е еден милион денари, а градежните активности ги извршува фирмата „Адра“ од Скопје. 

Активностите ги изведува општината заедно со јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои работеа на замената на водоводната мрежа и реконструкција на атмосферската и канализациската мрежа. Обврската за асфалтирање на улицата е на општината.