Македонија
21. March 2017 - 20:56

Се асфалтира улицата „Ацо Шопов“ во Крива Паланка

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка реализира градежни активности за асфалтирање на повеќе локации, а периодов интензивно се работи на подготовка за асфалтирање на улицата „Ацо Шопов“ во населбата Лозаново.

Станува збор за средства во рамки на проектот финансиран од Светска банка обезбедени преку Министерство за финансии, со грант од ИПА програмата на Европската унија.

- Се асфалтира крак од улицата со должина од 305 метри и широчина пет метри. Имавме мал застој во дождливиот период, но со подобреното време активностите продолжија со забрзано темпо. Во моментот се поставуваат ќошници, цевки и шахти за атмосферска канализација. Улицата ќе биде со високи стандарди и ќе се повре со другиот крак, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Покрај овој проект, во моментот се имплементираат уште два од вкупно трите проекти за асфалтирање во Крива Паланка со вкупна вредност од околу 260.000 евра од Светска банка. Се градат патните правци од Деловодци преку м.в. Кула до црквата во село Конопница, со должина од 1.100 метри со атмосферска канализација и патен правец во село Конопница - спојот со магистралата, А2 во должина од 716 метри.