Македонија
7. October 2016 - 14:03

Се асфалтира полски пат во село Мородвис, Општина Зрновци

Започна асфалтирањето на полскиот пат во село Мородвис. Станува збор за полски пат кој што обезбедува многу побрз и полесен пристап на земјоделците до своите земјоделски површини и е еден од првите полски патишта во Република Македонија, истакна градоначалникот на Општина Зрновци, Блаже Станков. 

- Во овој момент се работи на полски пат со должина од 700 метри и широчина од 3,5 метри. Финанасиската конструкција на овој пат изнесува околу 3 милиони денари, средства обезбедени преку Бирото за регионален развој. Со овој пат ќе обезбедиме полесен и побрз пат до земјоделските површини а ќе се создадат услови земјоделците да можат да одгледуваат и подоходовни култури, рече градоначалникот Станков.

После извршените состаноци на одговорните од АД „Водостопанство“ подружница „Брегалница“ Кочани со месните зедници во Зрновци, се пристапи кон чистење на каналската мрежа, односно левиот магистрален канал кој што после долги годинии веќе е ставен во функција.

- Со ова ќе се обезбеди не само квантитетна, туку и квалитетна услуга од страна на Водостопанство со оглед на тоа дека е предвидено да се сменат добар дел од хидротехничките средства кои што се поставени на каналската мрежа. Со тоа ќе се спречи губитокот на вода а земјоделците ќе добијат квалитетно наводнување, додаде Станков.

Станков најави и почеток на изградба на полски пат во село Зрновци со должина од 1,8 километри. Средствата за овој пат се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.