СДСМ:Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати, за неполн месец над 44 милиони денари назад кај граѓаните
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.
Тече реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.
Проектот „Мој ДДВ“ кој започна на 1 јули оваа година дава одлични резултати.
Според последните информации на УЈП, за 24 дена од поставувањето, апликацијата ја имаат преземено околу 135.000 лица, а при тоа скенирани се над 5 милиони фискални сметки.
За првпат државата враќа пари директно кај граѓаните на нивните трансакциски сметки.
Ако претходно граѓаните имале само давачки кон државата , денес со водење на одговорни економски политики придобивките се двострани, добиваат и граѓаните и државата.
Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ, секое семејство на крајот на годината добива приход плус.
Според проценките на крајот на секоја година, околу 50 милиони евра ќе завршуваат кај граѓаните.
Од друга страна, на овој начин се поттикнува намалување на сивата економија и даночната евазија.
Наплатата на ДДВ за првите шест месеци, вклучително и деновите од јули е зголемена за 6,6 проценти.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што носат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата