СДСМ:Македонија тргна напред и враќање назад во црното минато нема
Нервозниот Мицкоски е полн со црнила, темници и мрачни сценарија, последица од децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Како лева рака на Никола Груевски, како негов советник во кабинетот кој му го дал и бизнисот со хидроцентрали, Христијан Мицкоски нема нешто друго да им понуди на граѓаните.
Со истите зборови на Никола Груевски, денека Мицкоски ги прогласи за патриоти насилниците со црни маски и црни качулки кои го извршија бруталниот напад на Собанието на 27 април.
Граѓаните ќе ценат до колку треба некој да има искривени вредности и црнила во својата глава за насилници кои имаат за цел да убијат и линчуваат пратеници, новинари, кои насилно го уриваа уставниот поредок да ги прогласи за патриоти?
Мицкоски ги потврдува сведоштвата за сериозна поврзаност на насилниците со ВМРО-ДПМНЕ во организацијата и координацијата на насилството од 27 април.
Преку нелогични, несериозни и неосновани барања, интерпелации, измислици, Мицкоски се обидува да ги закочи реформите, да ги блокира процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.
Не му беа доволни 11 години прислушување на Мицкоски па бара нови снимки да преслушувале „експертите“ од ВМРО-ДПМНЕ.
Нека не сонува Мицкоски, Македонија тргна напред и враќање назад во црното минато нема, никој нема да ја запре. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, напредна, проспритетна, а амнестија за криминалот нема да има.
Растот на економијата ќе продолжи, платите ќе продолжат да се зголемуваат, намалувањето на невработеноста ќе достигне историско најниско ниво, рекордните износи на странски инвестиции во земјавата, пораст на извозот, на производството ќе продолжат.
Бадијала си придава толку големо значење, Мицкоски никој не го смета за сериозен, најмалку граѓаните кои ја поразијата неговата деструкција.
Впрочем слабиот одзив на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и овој протест во Кочани, се јасна порака за Мицкоски дека блокади, обрана на криминал, деструкција не поддржуваат.
Граѓаните и државата одат кон ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка