СДСМ:Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалното функционирање на институциите
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалноот и независно функционирање на институциите. Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нивни приватни компании кадешто се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеаваа да добијат професонален однос и навремени услуги.
Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните.
Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност.
Со реформите, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор