СДСМ: Знаат само за блокади, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат се што е во интерес на граѓаните и државата
ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата.
Блокадите, антидржавното дејствување се се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија.
И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот.
Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот.
Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство.
Мицкоски правеше протест со луксузни возила против сиромаштијата во државата, правеше протест против покачување на цената на струјата, а тој ја зголеми за 100%.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со блокади и опструкции нанесуваат директна штета на граѓаните и на државата.
Го блокираат Законот за изградба на Клинички центар, тие се против наставниците и стручните работници, против припадниците на Армијата, против минимална плата, против враќање на парите кај граѓаните.
Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.
Без оглед колку лаги, конструкции и шпекулации изнесува Белата палата, без оглед колку протести и блокади прави ВМРО-ДПМНЕ, не може да избега од вистината дека државата оди напред.
Граѓаните го препознаваат тоа и затоа редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен