СДСМ: Зад очајната лага на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на образованието на претседателот Ковачевски стои голема нервоза и страв
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор.
Очигледно во Белата палата расте нервозата и стравот, па во недостиг на аргументи и факти скокнаа веднаш да ја искористат својата единствена стратегија во политиката – лажењето.
На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, вклучително и во неговата програма јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Јасно е напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе меѓу кои и Харвард.
Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприемнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година. Понатаму, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.
За разлика од ова квалитетно образование на Ковачевски, Мицкоски своето стручно усовршување го остварил кај својот татко каде бил асистент.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава