-->
-->
СДСМ: За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има
-->
Прво техничката Влада беше формирана после Пржинскиот договор за да се одржат фер и демократски избори во 2016 година и според тој договор таа техничка Влада или пржинската Влада требаше да биде активна само за изборите 2016 година. После губењето на власта ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на пршинската Влада и мора да констатирам дека прво добро е што ВМРО-ДПМНЕ после толкав период признава дека нашата држава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога нашата држава беше категоризирана како заробена држава денес е држава којашто може да спроведе такви избори признаени од сите, фер, демократски и слободни кредибилни избори.
Во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза спориме две работи. Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката Влада не е условена со одржување на предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог а тоа значи дека и според договорот пржински значи дека измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија.
И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок