-->
-->
СДСМ: За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има
-->

Во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза спориме две работи. Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката Влада не е условена со одржување на предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог а тоа значи дека и според договорот пржински значи дека измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија.
И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија
-
Осомничените за измама при купување парцели за изградба на фотонапонски волтаици на распит во Кривичен
-
Oд јули повисоки сметки за струја до 10 проценти, најави Бислимоски
-
Патријарх Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделба конечно е исцелена
-
Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието
-
Изгоре половина куќа во Скопје, нема повредени лица
-
Кичевец подигнал околу 126.000 денари од туѓа платежна картичка
-
Со сила го внеле во „мерцедес“ и му се заканувале поради наводен долг