СДСМ: За само 2,5 години просечната плата во здравството зголемена за 4.700 денари, на прав пат сме
СДСМ како одговорна партија е посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повиоки плати и подобри услови за работа на здравствените работници.
Просечната плата во здравството денес изнесува 29.763 денари. Тоа е за над 4.700 денари повеќе во однос на мај 2017 кога таа изнесувала безмалку 25.000 денари.
За споредба, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во здравството за седум години пораснала само за нешто помалку од 3.200 денари.
Растот на просечната плата во здравството од над 4.700 денари за само две и пол години покажува дека сме на прав пат.
Со таквото зголемување на платите ги мотивираме медицинските работници да останат во јавното здравство, а граѓаните да добијат поквалитетна здравствена грижа.
Во рамките на мерките за подобрување на здравствениот систем е и зголемувањето на бодот за капитација на матичните лекари, стоматолози и гинеколози како и зголемените коефициенти за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа.
Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и поквалитетна здравствена заштита.
Платите во здравството ќе продолжат да растат, бидејќи здравјето на граѓаните е наш приоритет.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто