СДСМ за новата „бомба“: Заев барал начин за реформа на правосудството
По објавената „бомба“ во која се слуша како лидерот на СДСМ Зоран Заев говори за предмети на СЈО, се огласи СДСМ, од каде велат дека објавените аудио-разговори само потврдуваат дека СДСМ и Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството.
„СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат иако тоа веќе не постои“, велат социјалдемократите.
Во однос на разговорите, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека тие потврдуваат дека Заев го контролира правосудството и дека, според него, тој нарачувал истраги, обвиненија, судски пресуди со цел потоа да тргува за политичко влијание.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите