Македонија
10. October 2018 - 13:10

СДСМ: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од деструктивното однесување

11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните.

Само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од 1.3 отсто.

По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за нешто помалку од една година, преку успешните економски политики во вториот квартал од 2018 година, Бруто домашниот производ бележи раст од 3.1 отсто.

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираат и придвижуваат економијата, а како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО така расте и економијата.

Наместо вештачко билдање на бројките и веселите математики со кои ВМРО ДПМНЕ 11 години ја уништуваше економијата и ги лажеше граѓаните за некаков наводен раст денеска имаме реален економски раст кој се темели на здрави основи.

Расте извозот, зголемена инвестициска активност на компаниите, рекордни износи на странски инвестиции, повисоки плати, раст на индустриското производство...

Стабилизација на политичката состојба, спроведувањето на економски политики, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ се клучни за раст и развој на економијата.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ е креаторот на политички кризи, кочничар на економијата, блокатор на иднината.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани.

Влезот во ЕУ и НАТО не е само политичка цел, туку и реална можност за повеќе инвестиции, нови работни места, поголеми плати и интензивен економски раст.