Бизнис
10. February 2019 - 16:25

СДСМ: Вработувањата во јавните институции се согласно нивните годишни програми

Вработувањата во јавниот сектор се веќе предвидени во годишните планови на институциите. Вака од владејачката СДСМ ги правдаат големиот број огласи за вработување во државни фирми и институции.

Експертите предупредуваат на партизација и алармираат дека одржувањето на администрацијата станува сè поскапо. Дополнителен проблем, според нив, е што државата буквално ги краде работниците на приватниот сектор.

Од друга страна, од СДСМ потенцираат дека се намалува процентот на невработени во земјава, особено поради резултатите од Оперативниот план за вработување.

На ова реагираа од најголемата опозициска партија.

“Од опозиција СДСМ ветуваше дека ќе ги врати младите и ќе ја намали младинската невработеност. Но, ништо од тоа не е реализирано. Бројката на иселување на млади од ден на ден се повеќе се зголемува. Младинската гаранција со која се фалеа во текот на изборите испадна една голема лага. Од проект кој ќе понуди вработување, дообучување или практиканство за сите млади по нивното завршување се претвори во обична лага”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, само во моментов има десетина активни огласи, преку кои во државни фирми и институции се вработуваат над 200 лица.