СДСМ: Во тек e повикот за членови и претседатели на комисиите на СДСМ
Повикот за членови и претседатели на комисиите на СДСМ е во тек, остануваме предводник на промените
СДСМ останува главен двигател на промените, партија која победува, но и постојано се менува.
Промените во СДСМ се случуваат и во работните тела на партијата.
Отворен е повикот за пријавување на кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојани работни тела, односно Комисиите на СДСМ.
Ги охрабруваме граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори.
Сите граѓани кои имаат желба и стручност, кои се докажани и посветени во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да придонесат во креирање и развој на политиките на СДСМ да се пријават на повикот кој трае до 11 јуни.
Овие работни тела на партијата се од исклучителна важност за изготвувањето на изборните програми, за процесот на создавање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на животот на сите граѓани и се во интерес на државата.
Отвореноста е еден од клучните вредности и еден од столбовите на новата политика. Ги отвораме вратите за сите оние кои се блиски до или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во државата.
Пред нас е ново четиригодишно поглавје, со јасно зацртани цели, пат кој води кон развој, напредок, економски раст и интеграција.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари