Македонија
8. July 2020 - 16:58

СДСМ во Прилеп и Маврово Ростуше - ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во Гевгелија,Дојран и Валандово. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во Прилеп. Двата најголеми партиски табори ги поминуваат последните денови од изборната кампања.  Мицкоски порача дека на денешните средби со граѓаните ќе разговара за нивните проблеми, но и ќе ги презентира проектите од програмата за Обнова на Македонија наменети за овој дел од земјата.

-Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на  ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година. Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, пак го истакнуваше се она што екононмски го псотигнала Владата на СДСМ како доказ дека новиот мандат ќе бидат поуспешни.

-Со домашните платежни картички и со ваучерот за туризам кон повеќе од 324.000 граѓани граѓаните вративме 28 милиони евра за купување на наши, македонски производи и услуги, за посета на наши, домашни туристички центри и објекти. Во следниот период, покрај стечајните работници, домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа и самохраните родители. Ова, почитувани е вистински доказ што значи грижа за сите и вистински економски патриотизам.

Партиите имаат уште 4 дена да ги презнетираат своите програми и да го бараат гласот на граѓаните.