Македонија
30. September 2017 - 12:45

СДСМ во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, ДУИ во Tеарце

 Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори на 15 октомври, денеска на шестиот ден од кампањата ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места низ Македонија.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Гостивар и Тетово.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во Брвеница и Теарце.

Кампањата за првиот изборен круг почна на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.